690
Фудбалската репрезентацијата на Македонија го одигра најдобриот натпревар во последните години на гостувањето во Ереван каде со убедливи 5:0 славеше против селекцијата на Ерменија.
Kапитенот Енис Барди постигна хет-трик, погодувајќи со прецизен удар од 20-тина метри во 36-та минута и двапати од пенал, во 66-та минута и во 90-та минута. Стрелци на преостанатите два гола за Македонија беа Александар Трајковски во 22-та минута и Милан Ристовски во 79-та минута.
По оваа победа Македонија се искачува на втората позиција која носи во баражот, но за да останеме таму мораме да се надеваме на кикс на Романија која вечерва на домашен терен го пречекува Исланд со кого ние ќе се сретнеме во Скопје во недела во последното коло.
