Трите концерти на американската кантавторка Тејлор Свифт закажани во Виена се откажани откако австриската полиција објави дека уапсила екстремист, осомничен дека планирал напад врз нив.
Веста за откажувањето ја соопштија организаторите на музичкиот концерт „Баракуда“, откако полицијата соопшти дека уапсила двајца осомничени, од кои едниот планирал напад на настапите на Тејлор Свифт.
Главниот осомничен е 19-годишен маж, кој е уапсен во Терница, јужно од Виена, а уште едно лице во главниот град на Австрија.
Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека 19-годишниот осомничен се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава.
Според австрискиот весник „Кронен цајтунг“ уапсениот 19-годишен Австриец е со потекло од Северна Македонија кој со семејството живеел во Терниц, јужно од Виена.
Тејлор Свифт имаше закажано концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота како дел од нејзината турнеја Ерас.