На интернет кружи видео од веројатно најхрабриот или најсреќниот рибар на планетата.
Двајца мажи стојат во водата, очигледно не им пречат временските услови за да стигнат до нивниот улов. Сепак, ситуацијата брзо се искомплицира.
Имено, рибарот го подигнал стапот, ја фрлил јадицата, а потоа со врескање скокнал. Беше јасно дека има атмосферско електрично празнење, но тоа не го обесхрабрило.
Тој повторно го зеде стапот, веројатно верувајќи дека гром „никогаш не удира двапати на исто место“, пишува Дејли Стар.
Каква грешка! Само неколку секунди подоцна повторно скокна и го фрли стапот. Потоа излегол од водата свесен дека нема да има толку среќа по трет пат.
Можеби го преживеал гневот на природата, но тоа не го поштеди од корисниците на Редит, кои го критикуваа неговото однесување.
„Толку е глупав што боли“, напишала една личност, а друга додала: „Му објаснував на син ми веднаш да излезе од водата ако започне бура. Требаше да му ја покажам оваа снимка“.
Еден корисник се обиде да ја објасни ситуацијата и да го одбрани потегот на риболовецот, велејќи дека најверојатно станува збор за електричен полнеж што се шири низ областа, наместо директен удар на гром на стапот.