Маж се шокирал во својот дом во Бризбејн, Австралија, кога во 6 наутро, отишол во тоалет и видел дека во клозетската шоља лежел питон. Веднаш бил повикан Стјуарт Лалор, од Службата за ловење змии кој го собрал неканетиот гостин. Тој го фатил питонот и го изнел надвор.
“ И порано често рацете ми беа во клозетски шољи“ во шега рекол Лалор.
Тој истакнал дека најлошо ќе било ако домаќинот пуштел вода и ја бутнел змијата длабоко во цевката.
Инаку, вакви случаеви се чести во Австралија. Во јули е пронајден питон на тепихот во купатило, кој се претпоставува дека влегол преку тушот. Лано, во март, еден тинајџер додека бил во тоалет питон му се заплеткал околу ногата.