Романскиот милијардер и плејбој Константин Динеску (69) почина по посетата на еден свингерски клуб заедно со две љубовници. Полицијата се сомнева на смрт со труење, но овие сомнежи сеуште не се потврдени.
Во првиот извештај се тврди дека му се слошила во неговата вила на езеро, но подоцна е потврдено дека се онесвестил во својот автомобил во близина на свингерскиот клуб, а по неколку дена починал во болница во Букурешт.
“ Се шпекулира дека неговата жена од Украина му ставила нешто во чашата“ – пишува во извештајот.
Мега богатиот плејбој кој го нарекуваа “барон луксуз“ поради својата колекција на спортски автомобили, исто така бил вљубеник во уметноста.
Пред три години беше поврзан зо грабежот на уметнички дела од музејот Кинстхал во Ротердам. Грабежот го извршила романска банда, а полицијата сметаше дека е извршен како украдените слики би му ги продале на Динеску, но никогаш тој не беше осуден поради тоа.