Денис Вилоби од Вирџинија отишол во локална продавница за да им купи чоколадно млеко на децата, не сфаќајќи дека ќе се врати дома со многу повеќе од тоа.
За време на купувањето, тој решил да земе една картичка со гребење од лотаријата Вирџинија.Се покажа дека тоа е добитна картичка со платина џекпот од милион долари.
Вилоби е само вториот играч кој ја освоил најголемата награда за играта, а уште една добитна карта се уште не е купена.
Веројатноста да се добие џекпот е 1 спрема 1.632.000, објави лотаријата на Вирџинија.
Среќниот татко имал избор да избере дали веднаш да ги земе сите милион долари или да му биде исплатена таа сума во период од 30 години. Тој ја избра првата опција.