Шест луѓе кои биле на еден погреб во Јужна Каролина набрзо починале од коронавирус, не знаеле дека на испраќање на покојниот бил и еден суперпреносител на вирус.
Имено, никој од присустните на погредот не знаел дека на испраќање на покојниот бил и суперпреносител на вирус кој ги заразил со корона. Погребот бил организиран неколку дена пред властите во САД да забранат масовно собирање.
Гробар реклол дека ова е незапамтена трагедија.
– Не смееме овие луѓе да ги посматраме само како бројка, бидејќи тие не се. Шесмина настрадаа. Останатите кои присуствувале и понатаму се во карантин. Никој не знаел дека меѓу нив бил и заразен – рекол гробарот за локални медиуми.
Како што пренесуваат американските медиуми, сите шест трагични жртви биле Афро-американци и имале по околу 60 години.
Инаку, ова не е прв случај да суперпреносител на вирус да зарази повеќе луѓе за време на само еден настан. Така минатиот месец забележано е дури 45 од 60 членови на еден хор заразени се за време на проба во Вашингтон.
Во Австралија дури 40 сватови биле заразени од корона вирус откако присуствувале на иста свадба во почеток на март во Сиднеј.