„Отидовме на одмор на Крит и останавме таму – Колку ни се промени животот?“

by Тони Зографски

Ванеса е Германка по потекло, која со синот одлучила да се спакува и да се пресели во Грција, на островот Крит. Како што вели, планот не бил веднаш трајно да се преселат, но кога еднаш заминале таму на одмор, не се вратиле повеќе.

Како што вели, првиот пат дошле на одмор во лето 6 недели, но потоа сакале да проверат каков е животот на Крит во зима, достапноста до лекари, аптеки, училишта и сè друго што е неопходно за нормален живот.

По 6 месеци планирање, средување документи и средување на сите други неопходни работи поотребни за промена на домот, семејството конечно се преселило на островот.

Сега, како што вели, по една година живот таму, нивниот живот изгледа сосема поинаку:

„Го прославивме роденденот на синот на плажа на крајот на октомври. Немаше сиви облаци, без дожд, само сонце и многу пријатели. Сретнавме многу повеќе луѓе во оваа една година, отколку во цела деценија претходно. Седиме подолго на маса, разговараме повеќе. Конечно ми се чини дека го делиме животот, а не дека го трчаме. Искрено, си одиме дома само за да спиеме. Нашиот живот се случува надвор, покрај морето, во кафулињата, на мали авантури.  Гледам како синот се чувствува овде. Помалку ограничено, со помалку притисок, и со повеќе љубопитност. Гледам како децата овде се зацврстуваат, а не се споредуваат. Постојат многу активности, настани во училиште и пријателства надвор од училницата. Никогаш не очекувавме астмата на синот да исчезне, но откако се преселивме овде, целосно ја снема“ – вели таа.

останати вести