По ангажирањето на слаби манекенки, познатиот бренд Келвин Клајн се сврте кон по “корпулентни“ модели. Имено, ангажирана е пејачката со корпулентни димензии Бет Дито, која учествуваше во кампањата заедно со Наоми Кембел и Бела Хадид.
Иако фигурата и е далеку од манекенска, на социјалниоте мрежи таа доби позитивни коментари за својата линија. Дита беше во црн чипкаст градник, позирајќи на кауч. Пораката била, дека треба да се свати дека сексуалноста изгледа поинаку и дека секоја личност треба да се чувствува убаво во своето тело.
Инаку, моделите во кампањата на Келвин Клајн се прекажани како извршуваат секојдневни работи – гледаат телевизија, јадат, се занимаваат со спорт, се опуштаат…