По вчерашната одлука на партиските челници на 12 април 2020 година да има нови вонредни парламентарни избори, на својот Фејсбук профил, со свој став излезе европскиот Владика Отец Пимен.
“Дали после изборите во април би имале пак брзи избори ако не добиеме датум во мај?!? А со овој ум нема да добиеме. Се бараат реформи а ние нудиме избори и 200 дена нефункционалност на држава. 100 дена техничка влада и 100 први дена на влада за да профункционира.” – напиша тој на својот Фејсбук профил.