Холивудската глумица Мелани Грифит која своевремено важеше за една од најубавите жени во Холивуд, пред неколку дена беше фотографирана како се шета во Лос Анџелес, а американските медиуми истакнуваат дека таа е речиси непрепознатлива.
На папараците им падна око и фактот дека Мелани има модринки на рацете и лицето, како и отворени рани и лузна на лицето.
Грифит претходно се бореше со рак на кожата.
Затоа решила да зборува за се и рекла дека по критиките го сменила докторот бидејќи и самата не била задоволна од резултатот.
– Не сфатив како изгледам додека луѓето не почнаа да велат: „О Боже, што направи таа?!“ Толку ме повреди што отидов кај друг лекар и почнав да се занимавам со сите работи што ги направи еден доктор на мене. За среќа, сега изгледам понормално – изјавила во едно интервју.
Грифит своевремено имаше и голем проблем со алкохолот и тоа се одрази на нејзината работа.
Првпат и бил дијагностициран рак на кожата пред десет години. Иако тврдеше дека е излечена, болеста повторно се вратила во 2017 година