Минатиот петок лондонската парфимерија „War Paint for Men“, првата продавница со шминка за мажи, ги отвори вратите за своите клиенти. Покрај шминка, тука се продаваат и производи за бричење и стил на брада, а целта е на мажите да им се понудат повеќе избори за лична нега и основна шминка.
Овој бренд е основан од Дени Греј, бидејќи тој освоил 80.000 евра за инвестирање во проектот во една емисија, организирана од Би-Би-Си.
Во оваа продавница можете да најдете подлоги, пудри, бронзери, коректори, гелови за бради и веѓи, па дури и затемнети креми за хидранти.
– Мажите се на патот на феминизацијата со години. Погледнете ги само сите издепилирани тела, совршено избричени лица, нежни раце. Погледнете ја големината на машките торби на познати брендови, сите тие се полни со скапи креми и разни миризливи шишиња – напиша новинар на „Дејли меил“ кој ја посети оваа продавница.
Неговите тврдења се поткрепени со статистички податоци кои велат дека секој 20-ти Британец сега се шминка, секој петти еднаш неделно и секој стоти секој ден.
Comments are closed.