Сѐ е поголем бројот на граѓани кои на пат за Грција стануваат жртви на разбојници кои ограбуваат или мамат продавајќи лажно злато. Овие модерни „бандити“ главно се романски или бугарски државјани, а се движат на патот Солун-Евзони, како и на автопатот накај Аспровалта.
Додека наивниот турист кој го застануваат се обидува да помогне и да го реши проблемот на „несреќниот патник“, другата екипа оди до возилото кое го оставил туристот и му ја земаат торбата, новчаникот, телефонот и сѐ што оставил незаштитено-затоа бидете претпазливи на патување.
На српската Фејсбук група „Live from Greece“ З.Д. напишал статус предупредувајќи ги сите туристи од Србија кои се враќаат од летување од Грција. Имено, како што тој опиша во неговиот статус, автомобилот со бугарските таблици се обидел да го застане на 50 километри од границата и да го ограби.
„Поздрав на сите… денес со план влегов во групата поради едно известување-предупредување!!!На враќање од Грција на некои 50 километри од граница наидов на БМВ 3 бугарски таблици кое се обиде да ме застане како да му е нешто потребно… Читав претходно за тоа и не верував дека ми се случи… Немојте да застанувате…. тие се откажаа по две претекнувања и се вратија…“, напиша З.Д.