– Грчката полиција симнува таблички од непрописно паркираните автомобили. Можете да ги добиете после три месеци и платена казна! Внимавајте- сведочи Миле Јеремиќ, Србин кој работи на Скијатос.
Грчката полиција ги симнува табличките на сите кои не се држат до прописите, а ова може да биде посебно незгодно за странците, бидејќи за да ги земете назад треба да платите казна од 40-80 евра за непрописно паркирање и плус за враќање на одземенета регистрација.
Ако ова се случи во текот на викендот, тогаш ќе мора да причекате до првиот работен ден, кога работат полициските станици.
Во Грција од минатата година важат нови поригорозни правила за сторени сообраќајни прекршоци.