Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.
Обвинителство наредната недела, до судијата на претходна постапка треба да достави обвинителен предлог, по што тој ќе треба да донесе нова одлука за мерката притвор.
Дополнителната заменичка министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска претходно објави дека двете момчиња кои се изживува и малтретираа девојка, што беше забележано и со видео камера, се во притвор.
,,Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има“-напишаа таа на социјалните мрежи.