Осумгодишник во Велес украл комбе, избегал и удрил во градинка – објави сдк.мк. Инцидент се случил пред пералница за коли во новиот дел на градот. Детето минало без повреди, а на возилото има материјална штета. Од полиција го потврдија инцидентот.
„Вратата од потничкото комбе беше отворена, детето беше во близина и се втрча на возачкото место и успеа некако да стартува. Се упати кон градинката. По дваесетина метри удри во оградата, добро е што немаше пешаци, а децата од градинката си беа заминати дома. Оградата спречи да влезе во дворот. Дојде полиција и кажа дека детето имало осум години“, вели очевидец на настанот.