Островот на змиите не е имагинарна локација од хорор филмовите, туку реално место кое што луѓето навистина го нарекуваат така, иако локално уште е познато и под името „Ilha de Queimada Grande“.
Островот е оддалечен околу 30 километри од крајбрежјето на Сао Паоло, а од воздух изгледа навистина восхитувачки со својата зелена вегетација, прекрасното карпесто крајбрежје, сонцето и кристалното чисто море.
Но, идејата за сурферски рај и егзотична локација за одмор „паѓа во вода“, затоа што овој стров на змиите не го добил своето име поради својот облик, туку поради тоа што е дом на најсмртоносните змии на светот кои што таму ги има во голем број.
Научниците велат дека на Земјата не постои друго место каде што концентрацијата на змиите е поголема. Површината на островот изнесува 0.45 квадратни километри, а таму со сигурност ќе забележите по една змија на секој метар.
Поради тоа не е чудно што на островот не живеат луѓе, а единствениот доказ дека таму чекорела човечка нога е светилникот кој што е направен за да се избегнат бродоломи. Според преданието последните луѓе кои биле таму и кои управувале со светилникот не преживеале затоа што наводно змиите влегле во нивниот дом преку отворен прозорец.
Змиите таму воглавно се хранат со птици, а нивниот отров е пет пати помоќен од отровот на змиите кои се наоѓаат на копното.
Смртоносната змија која што локалците ја нарекуваат „Ilha de Queimada Grande“ е непозната, а причината за тоа е тоа што тој остров е единствениот дом за неа. Таа има прекрасна златна боја, а главата ѝ е во облик на копје. Тоа семејство змии е одговорно за околу 90 отсто од сите смртни случаи во Бразил како последица на загриз од змија.
На пример, доколку змија ве загризе во континенталниот дел од Бразил и не примите лек, смртноста изнесува околу 10 отсто.
„Со овие змии станува збор за многу болна смрт“, објаснува биологот Брајан Фрај, еден од луѓето кои што се обиде да го посети островот.
„Во секој случај, ќе умрете врескајќи“, додал тој.
Поради огромната популација на отровни змии бразилската влада забранила пристап до островот, освен на научниците кои што истражуваат, но со нив мора да имаат и доктор во близина, како и заштитни одела.