Американскиот актер Остин Батлер откри за Варајети дека не го видел своето семејство три години додека се подготвувал за улогата на кралот на рокенролот во музичката драма „Елвис“. Батлер имал околу една и пол година да се подготви пред да почне снимањето на биографскиот филм на режисерот Баз Лурман.
– Се подготвував со режисерот Баз Лурман, а потоа отпатував за Австралија на снимање. Со месеци не разговарав со никого. Размислував само за Елвис и цело време го имитирав, изјави тој.
– Бев фокусиран исклучиво на улогата. Дури и цело време зборував како него, па еднаш разговарав на ист начин на телефон со сестра ми, а таа ме праша што не е во ред со мене, изјави тој во интервју за Variety.
Филмот на Лурман го документира метеорскиот подем на Присли до суперѕвезда во 1950-тите и ја истражува сложената врска на музичката легенда со неговиот менаџер Том Паркер, кој го игра Том Хенкс. Батлер и претходно зборуваше за ефектот на улогата на Елвис врз него. Тој призна дека речиси целосно го „изгубил контактот“ со себе и со сопствената личност. Но, истакна дека не жали за ништо и дека е подготвен да направи се за филмот да биде успешен. Во таа намера успеа, бидејќи „Елвис“ оствари профит од 276 милиони долари. Во интервјуто за Variety, тој исто така рече дека улогата на Елвис му помогнала да излезе од својата комфорна зона.