Младиот менаџер Џејмс Мекгил имал успешна кариера како еден од сениорите во Гугл кога ја скршил раката во декември минатата година. Тој отишол во болница бидејќи забележал дека коската не му зараснува. Наскоро започнале и други необични симптоми кои немале никаква врска со раката.
Џејмс бил работник во канцеларијата на Гугл во Ирска и забележал дека има разни компликации откако ја скршил раката. Почна да ја губи рамнотежата кога одел, се сопнувал и ја губеше силата во левата нога. Наскоро потоа, тој ја изгубил способноста да проголта храна, а потоа и течност.
По снимањето со магнетна резонанца, се открило дека младиот човек има лимфом, еден вид рак на мозокот.
Неговата тежина одеднаш се преполовила и двајца лекари му рекле дека нема да живее подолго од 24. часа, најмногу уште неколку дена.
За да соберат пари за да го прилагодат неговиот дом кон неговата состојба, неговите пријатели,отвориле страница на GoFundMe.
„Кога ме повикаа од клиниката, веднаш одговорив. Откако ми ја кажаа дијагнозата, паднав во прегратките на татко ми. Се скршив кога сфатив што ме чека“, рекол младиот човек.
По операцијата која го потврдила туморот, момчето ја изгубило можноста да стане од кревет.
„Дополнителна болка беше што не можев да им кажам на никој на моите пријатели лично затоа што посетите беа забранети поради вирусот корона. Овој вид на новости морав да им го кажам преку видео повик. Беше јасно колку сум лошо, до мај ослабнав од 59. на 37. килограми“, вели младиот човек.
„Се сеќавам дека ми рекоа дека докторот рекол дека имам само 24 часа живот, но бев во транс и халуцинирав дека вечерам со Ким Кардашијан во еден ресторан во Лондон. По неколку рунди зрачење, почнав да се чувствувам малку подобро. Сега мојата цел е да ги поминам зимските празници со моето семејство, ако можам. Тоа би ми значело многу. Нема да биде лесно, ќе биде потребно да се направат сајли на таванот што ќе ме поддржуваат, но кога ќе видам колку луѓе се залагаат за мене, полесно е да знам дека толку многу луѓе се на моја страна“, вели Мекгил.