ОСТАНУВА ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ: Девојка побарала помош во болница пред да го обвини Мбапе

by Тони Зографски

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Килијан Мбапе останува осомничен во случајот за силување во хотелот „Банк“ во Стокхолм, пишува „Афтонбладет“.

Според шведската обвинителка Марина Чарикова, истрагата за инцидентот продолжува.

Пред да даде изјава во полиција, повредената девојка која го обвини Мбапе прво отишла во болница да побара помош. Дополнително, изјави за случајот се земени од неколку неименувани жени кои имаат информации за тоа што се случило.

Истрагата започна на 14 октомври, самиот 25-годишен фудбалер негира каква било вмешаност во инцидентот. Адвокатот на Мбапе изјави дека играчот има намера да поднесе тужба за клевета.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com