Во Бугарија се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус.
Станува збор за маж од 27 години од Плевен и жена 75 години од Габрово, кои не патувале во странство и не престојувале на ризични дестинации, пишува „БГНЕС“.
Властите најавија дека ќе бидат земени и примероци од оние со кои заразените биле во контакт.
Двете лица се во изолација во болница и се наоѓаат во добра состојба.
Инаку, од европските држави само во Кипар сеуште не е регистриран случај на заразен од коронавирус.