Германката Тања Лудвиг (33) со ќерка си во раце скокнал од една карпа во Вулонгонг, Нов Јужен Велс, а на Фејсбук оставила вознемурувачка порака.
Телота на жената и на двогодишната ќерка се пронајдени во подножјето под карпата.
– Океј е да не бидеш океј. На сита нас понекогаш ни е потребно поддршка – напишала Тања на Фејсбук со телефонските броеви на лицата на кои им е потребна психолошка помош.
Инаку, Лудвиг и нејзиниот партнер неодамна ја раскинале врската, а таа со ќерка си живеела во предградието на Вулонгонг.
Нејзината комшивка Атина Конас не може да верува што се случило.
– Беше прекрасна личност. Секогаш кога разговаравме беше добро расположена.