Мартин Шкрели, познат и како „Фарма Бро“, поради неговата одлука да ја зголеми цената на лекови кои спасуваат живот, побара да биде ослободен од затвор, за да може да работи на пронаоѓање на лекот за коронавирусот.
Шкрели во моментов издржува седумгодишна затворска казна во затворот Аленвуд во Пенсилванија откако беше осуден за измама со хартии од вредност. Тој измамамил инвеститори пред да влезе во фармацевската индустрија.
Научно списание објавено на веб-сајтот Prospero Pharmaceytucals, пренесува дека тој побарал тримесечен отпуст од сојузниот затвор во Аленвуд во Пенсилванија, за да може да работи на пронаоѓање на потенцијален лек за вирусот.
„Барам краток отпуст од три месеци за да можам да му помогнам на истражувачкиот тим во наоѓање на лекот за Ковид-19. Да се биде ослободен во свет во кој владенее пандемија на Ковид-19 и не е некоја утеха, дури ни за затворениците“, напишал Шкрели.
Тој ги отфрлил досегашните напори на фармацевтските компании и воопшто целата оваа индустрија и се смета себе си за еден од ретките раководители кои имаат искуство во сите аспекти во развојот на лековите.
„Одговорот на индустријата на Ковид-19 е неадекватен. Сите биофармацевтски компании досега требаше да одговорат со сите ресурси во борбата против оваа здравствена опасност. Донациите во овие многу вредни компании се огромни, а тие не си ја вршат работата како што треба“, напишал Шкрели.
„Медицински хемичари, структурални биолози, ензимолози и одделението за развој и истражување на биологијата во секоја фармацевтска компанија би требало да работи сè додека Ковид-19 не биде уништен“, смета тој.
Во фуснота на 11 страници, Шкрели е идентификуван како граѓански научник кој имал тројца деловни соработници, вклучувајќи го и Кевин Мулади и уште двајца кои се идентификувани исто како него, граѓански научници.
„Придонесот на Шкрели во овој проект ќе биде неопходен“, изјавил Кевин за „Њузвик“.
Во нивниот труд е прикажан напорот за идентификација на лековите кои можат да имаат влијание на Ковид-19. Тие тврдат дека користат софтвер за да го сведат решението на само осум лекови.
Шкрели, за кого не е планирано да биде ослобден од затвор до септември 2023 година, тврди дека не бара паричен надомест за работата наведена во документот и изјавил дека не очекува заработка од лечењето со коронавирусот.