Кралот Чарлс не го наследува само тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, туку и нејзиното приватно богатство – без данок на наследство, привилегија резервирана за кралските наследници.
Од британските монарси не се бара да ги обелоденат своите приватни финансии, но според „Листата на богаташи“ на „Сандеј тајмс“ за 2022 година, имотот на кралицата вредел околу 370 милиони фунти (426 милиони долари), што е за 5 милиони повеќе од претходната година.
Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и резиденцијата Сандрингам, биле во сопственост на кралицата и се наследени од Чарлс.
Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредни околу 100 милиони фунти, според Тајмс во 2021 година.
Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).
Познатиот накит на круната, проценет на околу три милијарди фунти, симболично и припадна на кралицата и автоматски се пренесува на нејзиниот наследник.
Принцот Филип, сопругот на Елизабета, остави поскромно богатство од 30 милиони фунти кога почина во април 2021 година. Тој поседувал збирка слики од околу 3.000 дела, од кои повеќето биле во аманет на пријателите и семејството.
Експертите велат дека Елизабета најверојатно оставила тестамент и дека некои ситни пари ќе наследат членовите на блиското семејство, но не и најголемиот дел од богатството што му припаѓа на Чарлс.