На социјалните мрежи кружи видео од казиното „Марина Беј Сендс“ во Сингапур, каде неименуван маж го доби џекпотот во саботата, 22 јуни. Откако освоил околу 3,8 милиони евра, човекот почнал да скока од радост, а потоа драматично паднал на подот.
Гостите во паника и персоналот на казиното веднаш притрчале да помогнат, а јасно било дека доживеал срцев удар, пренесува британски „Сан“.
Во друштво на несреќниот маж имало и една жена, а на снимката се гледа како клекнала покрај него и се обидувала да му помогне. Мажот набрзо бил пренесен во болница, а медиумите во првиот момент објавија дека починал. За среќа, тоа не беше точна информација.