Бизнисменот Орце Камчев од вчера со дозовола на Основниот кривичен суд Скопје од затворот во Шутка е на прегледи во приватната болница „Аџибадем Систина“. Тој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно”.
Од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватната болница во која е и член на директорскиот борд. Тој е задржан на дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.
Дел од медиумите вчера пишуваа дека Апелацискиот суд во Скопје можно е денеска да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата на Камчев и ќе му го укине притворот.