Орце Камчев се пријавил за издржување на казната во затворот во Шутка

by Тони Зографски

Од затворот Скопје во Шуто Оризари за Телма потврдија дека денеска се пријавени за издржување на едногодишната затворска казна, двајца осудени со спогодба во случајот Империја. Станува збор за Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ.

-Добив известување дека двајца осудени за случајот Империја се пријавиле за издржување на затворска казна во затворот Скопје. Казната треба да почнат да ја издржуваат на 1-ви јуни, изјави за Телма директорот на скопскиот затвор Филип Андов.

Инаку, истрагата за случајот „Империја“ по три и пол години заврши неoдамна, по што резултираше со замрзнување на имотот на фирми поврзани со Камчев и поранешниот шеф на УК, Сашо Мијалков. Камчев се спогоди за делото злоупотреба на службената положба и овластување.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com