Објавени се шокантни слики од модниот магнат Питер Нигард, кој како што изгледа го претворил својот приватен авион во место за организирање оргии.
Според „Дејли меил“, на некои слики тој се појавува додека гледа 17-годишно девојче, кое изведува еротски танци пред него.
Сликите ги објави поранешниот личен фотограф на Нигард, кој вели дека се обидувал да регрутира и млади девојки на возраст од 16 години, да бидат меѓу неговите „љубовници“.
Стивен Фералио бил ангажиран од 79-годишникот во 2011 година и има снимено цели часови од неговите разуздани забави, кои биле неделен ритуал.
Модниот магнат беше уапсен од канадските власти на 14 декември, со наредба за екстрадиција на барање на американската влада, додека тој е обвинет за злоупотреба на десетици жени, во шема за трговија со секс.