Шпанската полиција открила шест лица кои имале оргии во бордел во Мадрид за време на полицискиот час поради коронатавирусот.
Според локалните медиуми, неколку соседи во зградата повикале полиција да се пожалат на луѓето што влегуваат и излегуваат од станот и пуштаат гласна музика.
Според извештаите, полицијата во саботата влегла во станот и пронашла четири жени и двајца мажи голи во станот што имал три спални соби. Локалните власти исто така пронашле и алкохол по целиот под.
Полицијата, наводно, се сомнева дека куќата функционира како бордел, бидејќи само една од жените била регистрирана како станарка во куќата.
Во извештаите тврдат дека локалните власти поднеле пријава против станарите за кршење на прописите.