Согласно Преспанскиот договор арената „Филип Втори“ ќе замине во историјата и најголемиот фудбалски стадион во Македонија ќе добие ново име. Грците веќе реагирале откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, а во службениот извештај стоеше дека името на стадионот е „Филип Втори“. А и владата пред две недели преку Агенцијата за спорт и млади побарала од сите национални спортски федерации да ги променат имињата во согласност со Преспанскиот договор. Истовремено, издадено е и барање за промена на името на најголемиот спортски објект во државата.
Инаку, постојат неколку опции за новото име на стадионот. Многу веројатно тој да се вика „Национална арена Скопје“, но исто така можно е да го носи името и на некој спонзор. Постои и варијанта стадионот да добие име по некој познат фудбалер или фудбалски работник, како на пример, “Петар Милошевски“. Уште од порано е во оптек иницијативата нашата најголема фудбалска арена да го носи и името на трагично загинатиот поп пејач Тоше Проески.