Вирусот сега ќе се бори против нас кои што сме вакцинирани, ќе има уште поголем предизвик да се бори обидувајќи се да се менува за да успее да нè зарази. Целта е тој да се прилагоди на нас, но и ние на него“, вели д-р Миланко Шеклер, вирусолог и микробиол.
“Нему (на вирусот) не му е целта да нè убие, па така да се убие и самиот себе. Целта му е да стане еден обичен респираторен вирус кој што предизвикува шмркање неколку денови, кој што ќе може да го прележиш „на нозе“ и тоа е тоа. Ние би го малтретирале со вакцините. Тоа сигурно ќе се случи“, вели Шеклер, пренесува српски „Блиц“.
Тој нагласил и дека сите вакцини се ефикасни против новите соеви на коронавирусот.
Полесно се пренесува, но не изразува потешка клиничка слика. Не знам дали стигна бразилскиот сој. Ние направивме одредени секвенционирања. Така направивме и со британскиот сој, а сега е сè заборавено“, наведува тој.
Шеклер исто така смета дека не треба да се бега од комбинацијата на вакцините.
Кога станува збор за ефикасноста од АстраЗенека, Шеклер вели:
„Многу мразам кога во науката ќе почнат да се мешаат политичките работи. Се смени името на вакцината, се смени компанијата и сега само чекам кога истата таа вакцина ќе се врати како добра“, наведува тој.