Таткото на свирепо убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски вечерва оди во истражниот затвор во Шуто Оризари. Кривичниот суд го прифати барањето на обвинителството за 48-часовен притвор.
Според исказите на тројцата соучесници на Љупчо Палевски, Александар Ѓорчевски ги информирал за нејзините дневни рутини, за сатницата кога ќе излезе на училиште утрото кога беше киднапирана и дека притоа ќе биде сама, без придружба на нејзината сестра.