Оперската и поп пејачка Наде Талевска Спасовска во интервју за Женски магазин вели дека програмата за хроно исхрана која ја добила во една скопска болница ѝ помогнала да ослабе 20 килограми.
„ Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш, и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“, вели Талевска.
На прашањето дали операските пејачки по некое непишано правило треба да се покрупни жени, таа вели:
„ Да, и јас сум го чула тоа дека за оперските пејачки велат дека треба да се покрупни. Но, и не мора да е така. Всушност, самата сцена си бара и естетика покрај вокалниот квалитет“.
Повеќе во Женски магазин