Британската влада ,во 2016. година, спровела вежба чија цел беше да се испита епидемијата на коронавирус, но се обиделе да остане во тајност, пишува „Гардијан“.
Според лондонскиот весник, вежбата наречена „Алис“ се одржала во 2016. година, а учествувале и претставници од повеќе владини тела. Вежбата предвидувала појава на епидемија на Мерс, болест предизвикана од коронавирус, на Блискиот исток.
Тоа е една од вкупно 10. претходно непријавени вежби за пандемија што се одржале дури пет години пред ковид кризата. Новите откритија беа објавени по усвојувањето на новите закони за објавување информации од јавно значење.
Здравствените власти претходно одбиле да наведат детали за вежбите, повикувајќи се на заштита на националната безбедност, пишува Гардијан.
Еден од водечките епидемиолози рекол дека вежбата „Алис“ може да биде „прилично релевантна“ во борбата против ковидот, бидејќи борбата против сегашната пандемија во првите недели била направена врз основа на плановите за борба против грипот, а не на коронавирус.
Еден од високите владини советници рекол дека е „невообичаено“ деталите од оваа вежба да не бидат испратени до надлежните тела за борба против пандемијата.
Болничкиот консултант Муша Куреши, која дошла до новите податоци, рекла дека членовите на британскиот парламент треба јавно да го постават прашањето зошто министерот за здравство, Мет Хенкок, не ги доставил до Парламентот информациите дека владата направила модели на различни форми на пандемија, вклучувајќи коронавирус.