По најавата на министерот Дамјан Maнчевски за формирање фонд за финансиска помош на петте приватни телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат), реагираат кабловските оператори. Имено, тие поставиле ултиматум до Владата, таа денеска до 15 часот да се изјасни дали ќе се формира Фонд за помош на медиуми, или во спротивно, ако не го добијат одговорот, тие ќе ги исклучат од реемитување македонските национални телевизии.
“ Како знак на протест на таквата незаконска и неуставна одлука ние ќе пристапиме кон исклучување на дел од програмата на сите македонски телевизиски канали. Исто така ќе поднесеме и барање за раскинување на договорите за реемитување на истите телевизии со што нема да имаме обврски да плаќаме за нешто кое нашите корисници не го гледаат “, се вели во дел од барањето доставено до Владата.