Професор на медицински факултет во Србија, Иван Боричиќ, стана вирален хит на социјалните мрежи, откако му се случи една необична ситуација за време на предавање.
Имено, сопруга на професорот морала да помине низ дневната соба, а поради начинот на кој го направила тоа, тој морал да го прекине предавањето неколку секунди.
„Што се однесува до хемохроматозата… Морав да прекинам, жена ми ползеше за да излезе од собата. Она што го гледате во црвено зад мене е жена… Мојата“, рече тој, додека неговата сопруга ползеше на четири нозе, сакајќи да остане незабележана, за жал, неуспешно.
Имајќи предвид дека поради пандемијата на коронавирусите голем дел од предавањата се секако, онлајн, еден од студентите на Боричиќ успеал да го фати моментот, а видеото го сподели на социјалните мрежи.