Британскиот водител Џереми Кларксон (64) втора година по ред е прогласен за најсекси маж во Велика Британија и Ирска. Под него на листата се најдоа принцот Вилијам, Идрис Елба, Килијан Марфи, Том Холанд и многу други, пишува „Дејли мејл“.
Ѕвездата на емисијата „Топ гир“ (Top Gear) освои 9 од 10 оценка во истражувањето спроведено од „Илисит енцаунтерс“, интернет страница за состаноци за оженети луѓе. Во истражувањето учествувале 2.000 жени, кои ги оцениле мажите од 1 до 10.

На второ место се најде актерот Том Холанд, ѕвездата на „Спајдермен“, а третото место го зазеде принцот Вилијам, кој минатата година беше речиси на дното на листата. Третото место му припадна на Герет Саутгејт, тренер и поранешен фудбалер. Ѕвездата на „Опенхајмер“, Килијан Марфи го зазеде петтото место. Во топ 10 се најдоа и актерот Идрис Елба и водителот Дермот О’Лири.
Џесика Леони, портпарол на сајтот, кој ја организира годишната анкета за најсекси маж во Велика Британија, коментира: „Сите ја знаеме неговата дрска личност, но неговата најнова серија покажа дека и тој може да го покаже своето срце – и јасно е дека неговиот изглед на славна личност продолжува да ги раздвижува срцата.“