Германската олимпијка Лиса Буквитз и австриската олимпијка Џенин Флок, позирале за германското издание на „Плејбој“ во пресрет на зимските олимписки игри во Пекинг.
Спортистките одлучиле да го направат тоа за на другите жени да им испратат порака дека не треба да се срамат од своето тело.
Сакам да покажам дека природното тело може да биде убаво. Она на кое ништо не сум правела. Не сум имала естетски операции и го сакам тоа што го имам. Секоја жена може да биде горда на своето тело“, изјавила Флок.
„Важно е одвреме-навреме да мислите и на други работи освен на спортот, мислам дека тоа може да има дополнително влијание“, додала 32-годишната Австријка која се натпреварува во скелетон и која учествува на зимските олимписки игри.
Со неа се согласува и Германката која се натпреварува во боб двосед.
Секоја жена смее да биде гола и ниту една не смее да се срами од своето тело. На пример јас имам повеќе мускули отколку што треба, па што? Сакав да покажам дека и тоа е женско тело. Не морам да се кријам затоа што сум спортистка. Ниту една жена не мора да се крие“, изјавила 27-годишната Буквитз.
Инаку, германски „Плејбој“ во март поради овие две спортистки ќе се печати во две изданија.