Тажна е сликата на грчките плажи ова лето. Малкумината туристи од Србија, кои го издржаа теророт по пат и на границата, како и кучињата на локалните жители се единствените капачи, бидејќи во Грција на море ги нема ни Грците.
Од вчера во српските медиуми кружи видео кое го направил српски турист на омилената плажа и на Македонците- Олимпик бич.
Речиси идентична слика е и на останатите плажи, спуштени чадори, празни кафулиња, празни лежалки.