Македонскиот олимписки скијач, Дарко Дамјановски, разочаран од скандалозното однесување на спортска церемонија во Гостивар, која целата се водела на албански јазик, преку Фејсбук се обрати до градоначалникот Арбен Таравари:
“Денес во општина Гостивар после мои 3 Олимпијади бев повикан од страна на нашиот каратист репрезентативец Берат Јакупи за да ми доделат плаката за спортски работник, за која сум му благодарен, но изразувам голем протест затоа што како МАКЕДОНЕЦ И МАКЕДОНЦИ што присуствувавме на оваа церемонија беше зборувано само на “АЛБАНСКИ” јазик. Па ги прашувам организаторите и градоначалникот ТАРАВАРИ дали живеат во МАКЕДОНИЈА или во АЛБАНИЈА и зошто немаше превод на македонски: И дали советниците МАКЕДОНЦИ на ВМРО и СДСМ ќе седат рамнодушни на сево ова што се случи и дали ќе продолжат и понатаму да им гласаат за се во Советот на општината. Нека слушне и премиерот кој сега не води, треба да го слушне ова и да види дека тоа што им го даде го злоупотребуваат и не омаловажуваат МАКЕДОНЦИТЕ кои живеат тука.
Дојде живот “НЕ” живот!!!
И оваа плаката која ја добив ќе му ја посветам на ТАРАВАРИ за тоа што не проговори ни еден збор на МАКЕДОНСКИ и ќе му ја испратам препорачано по пошта со голема благодарност затоа што ме омаловажи подолно од што можеше да го направи.
Ти благодарам докторе!!!“ – напиша Дамјановски на Фејсбук.