На сопругата на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера, вчера ѝ беше роденден, а ова беше првиот роденден кој го прослави без својот сопруг.
Роденден на Оливера преку Инстаграм ѝ го честиташе ќерката Јована, која сподели фотка од своето најрано детство, на која позира заедно со мајка ѝ.
„Те сакам мамо. Среќен роденден! Твојот број еден“ – напиша Јована, а потоа покажа како Оливера го поминува роденденскиот ден. Имено, таа позира со своите две внуки, а најважно од сѐ е дека на фотографијата има широка насмевка на лицето.
Инаку, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари како последица од воспаление на белите дробови. Оливера и Ѓорѓе во брак беа 35 години, а ги имаат ќерките Јована и Јелена и синот Алекс.