Мерките против болеста на Балканот постепено почнаа да се укинуваат или олеснуваат.
Турција, која сè уште е во национална блокада, планира да премине во постепено олеснување од следната недела, кога дневниот број на нови случаи ќе падне под 10.000. Планирано е први да почнат со работа малите комерцијални објекти, а потоа да бидат обновени предавањата и вежбите на некои факултети, пренесува БНР.
Грчката верзија на „зелен сертификат“ за патување на островите, со исклучок на Лефкада и Евија е во сила во Грција од петокот. Патниците мора да имаат потврда за примени две дози, негативен ПЦР резултат на или документ за прележана болест.
Кипар воведе специјални пропусници – здравствени пасоши, кои се однесуваат на лица им*низирани со најмалку една доза или кои ја имале болеста во последните шест месеци. Туристите кои имаат потврда примена доза ќе бидат примени во земјата без потреба од ПЦР-тест и нема да бидат предмет на карантин, се додека имаат потврда од кипарските власти и поминале одреден број на денови по примената доза.
Властите во Романија го укинаа задолжителното носење маска на отворено, освен на фреквентни места како што се пазари, плоштади и постојки за јавен превоз.
Во Србија, рестораните и кафулињата се отворени, а капацитетоте во затворнеиот дел можат да бидат полни до 50 проценти. Ноќните клубови остануваат затворени. Забраната за собирање на повеќе од пет лица останува во сила.
Во Словенија, средните училишта и универзитетите продолжуваат со физичко присуство од понеделник. Во затворените делови на установите ќе се служат само гости кои биле иму*изирани со две дози или имале болест во последните шест месеци или имаат негативен резултат од тестот не постар од 48 часа.
Во Хрватска, Албанија и Косово продолжува трендот на опаѓање на нови случаи, а процесот на им*низација добива на интензитет.