Најмалку четири лица се повредени при пожар во Светскиот трговски центар во Хонгконг.
Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј.
Локалните власти го класифицираа пожарот како трето ниво на инцидент на скалата од 1 до 5.
Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост” пишува дека купувачите и гостите на ресторанот се меѓу оние кои сè уште се заробени во зградата, која функционира како комплекс на трговски центар и деловен, канцелариски простор. Pолицијата соопштила дека седум лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради чадот, од кои четворица биле испратени во болница.
Прелиминарната истрага покажа дека пожарот избувнал во просторија со електрични инсталации, на долниот кат, од каде пожарот брзо се проширил врз скелето од надворешната страна на објектот, до скалите внатре.
https://twitter.com/i/status/1471014246322515969