Поранешниот шампион на светот во бокс, Мајк Тајсон, опишал како своевремено се борел со дрогата и депресијата.
Така објаснил како се чувствувал во 2009-та година, признавајќи дека бил под дејство на дрога помешана со големи количини на алкохол.
Пред 11 години Тајсон бил во хотелска соба со седум проститутки, кога во еден момент боксерот го фатило параноја и започнал да ги тепа девојките. Боксерот сега објаснува зошто направил таков испад.
„Лежев во хотелската соба и секогаш сакав да имам некој покрај мене. Дали тоа ќе биа проститутки или кученце, не е важно, важно беше да не бидам сам. Во еден момент бев со седум проститутки, а во моето тело имаше марухуана, кокаин, морфиум, вијагра и виски. Ме фати параноја и помислив дека тие жени ќе сакаат да ме ограбат. Почнав да ги тепам. Тоа беше мојата мрачна страна“, раскажува Тајсон.