Марија Лвова-Белова минатата недела била забележана како се држи за рака со рускиот олигарх Константин Малофеев (50).
Жената главна за зачувување на „семејните вредности“, должност која ѝ ја доверил самиот Путин, наводно го оставила сопругот – православен свештеник, поради 11-години постариот руски милијардер, пишува „Daily Mail“.
Лвова-Белова (39) била назначена од страна на Путин за комесар за правата на децата непосредно пред инвазијата на Украина.
Меѓународниот кривичен суд ја бара под обвинение за воени злосторства бидејќи незаконски депортирала стотици деца од окупираните територии на Украина во Русија.
За православниот свештеник Павел Когелман се омажила во 2003 година. Имаат пет биолошки и пет посвоени деца. Лвова-Белова посвоила вкупно 18 деца, меѓу кои и едно момче од Украина, земено од уништениот град Мариупол.
Снимена е како се држи за раце со олигархот
Минатата седмица, Марија Лвова-Белова била снимена како се држи за рака со рускиот олигарх Константин Малофеев (50) на поворка за литургија во рускиот град Екатеринбург, што предизвикало шпекулации дека го напуштила сопругот.
Малофеев е многу близок со Руската православна црква, ја основал ултра-конзервативната ТВ мрежа Цариград, постојано повикува Русија повторно да стане монархија, а Путин го нарекува „Божјо чудо“ и ја поддржува неговата инвазија на Украина.
Во моментов е под санкции на САД и ЕУ поради финансирање на сепаратистите во источна Украина во 2014 година.
Лвова-Белова и медиумскиот тајкун Малофеев не ги коментирале гласините, но извори блиски до православната црква велат дека тие се вистинити.