Бизарен инцидент е снимен во Филаделфија, за време на погребот на Бенџамин Авилес.
Последното збогување било организирано во петокот на гробиштата Гринмаунт, а ковчегот го носеле неговите најблиски роднини, пренесува Daily Mail.
„Ковчегот падна врз него“
Кога ожалостените стигнале до гробот, како што се гледа на видеото, импровизираната платформа попуштила и сите паднале во дупката.
Несреќните лица се здобиле со повреди на нозете, рацете и грбот, а најтешко поминал синот на покојникот.
„Ковчегот падна врз него, а лицето му беше во калта“, изјавила за медиумите снаата Марибел Родригез.
Семејството за инцидентот ги обвини гробиштата, поточно погребалното, сметајќи дека платформата не била соодветно обезбедена.
„Сѐ се тресеше, дрвото беше влажно и натопено. Мислам дека треба да се извинат. Треба да има некаков надомест, бидејќи погребот беше прекинат, ништо не беше направено како што треба“, додаде Родригез.
Повредите со кои се здобиле ожалостените не се сериозни и сите ќе закрепнат, соопштено е.