Преговорите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година.
„Овој договор го отвора патот за модерна и конкурентна автомобилска индустрија во Европската унија. Светот се менува и ние мора да останеме лидери во иновациите“, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.
Чешкото претседателство преговараше во име на 27 земји-членки со претставници на Европскиот парламент.
Постигнат е договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили за 55 отсто до 2030 година и за 50 отсто за пикапи во споредба со нивото од 2021 година, а до 2035 година треба да се постигнат нула емисии и за новите автомобили и за пикапите.
Овој договор е дел од пакетот „Подготвени за 55 проценти“, во кој ЕУ постави цел да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година,пренесе Индекс.хр.