Патувањето оваа година, доколку некој воопшто се одлучи за истото, ќе изгледа необично, но и скапо. Прво, осигурувањето најверојатно нема да ви го покрие лечењето доколку се заболите во друга земја. Второ, некои од државите, веќе одредија цена за тестовите, а ова се цените:
Србија – 50 евра
За влегувањето во Србија неоходен ќе ви биде негативен тест, не постар од три дена. Граѓаните кои што ќе патуваат во странство, во Србија ќе можат да направат тест кој што ќе чини околу 6.000 динари, односно 50 евра.
Босна и Херцеговина – 100 евра
Според податоците на тамошните медиуми, за тестот потребно ќе биде граѓаните да се обратат на Институтот за јавното дравје. Само тестирањето чини околу 100 евра. Граѓаните се огорчени поради тоа и тврдат дека нејасно им како воопшто се стигнало до таа цена.
Словенија – 20 евра
Сè уште не е одредена точната цена на тестовите, но се прават проценки тестот да не чини повеќе од 20 евра.
Хрватска – 200 евра
Тамошните медиуми пишуваат дека тестот во Заводот за јавното здравје ќе чини 200 евра, но министерот за здравје претходно зборуваше дека таквиот тест чини околу 100 евра.
Австрија – 190 евра
Засега познато е дека аеродромот во Виена ќе нуди тестирања за патниците да можат да избегнат карантин од 14 дена по враќањето во нивната земја, а тестовите ќе чинат 190 евра.
Германија – 200 евра
Според институтот „Роберт Кох“, пациентите со симптоми на грип исто така ќе се тестираат. Трошоците ќе ги сноси здравственото осигурување во Германија, но само доколку тестот е препорачан од доктор.
Грција – 120 евра
Планот на тамошните власти е патниците да се тестираат во земјите од кои се враќаат, а потоа да се упатат кон Грција. Претходно, кога болеста имаше поголем замав, имаше најава дека доброволни тестови ќе чинат од 120 до 300 евра.
извор: телеграф.рс