Во 4-те приватни лаборатории: „Аџибадем Систина“, „Клиника Жан Митрев“, „Биотек лабораторија“ и „Авицена“ се прават сите видови на ковид-тестови по различни цени. Покрај ПЦР тестот, дел од лабораториите нудат пакет тестови – ургентен или ВИП тест, мултиплекс ПЦР тест, а во секоја лабораторија може да проверите дали имате антитела, односно дали сте го прележале вирусот.
„Аџибадем Систина“
– ПЦР тест: 2.700 ден.
– АНТИТЕЛА: 1.200 ден.
– МУЛТИПЛЕКС ПЦР ТЕСТ: 3.000 ден.
– УРГЕНТЕН ПЦР ТЕСТ: 12.000 ден.
„Клиника Жан Митрев“
– ПЦР тест: 3.950 ден.
– АНТИТЕЛА: 2.500 ден.
– УРГЕНТЕН ПЦР ТЕСТ: 12.000 ден.
„Авицена“
– ПЦР тест: 3.000 ден.
– АНТИТЕЛА: 1.800 ден.
– Пакет ПЦР тест + антитела: 4.000 ден.
„Биотек лабораторија“
– ПЦР тест: 3.950 ден.
– АНТИТЕЛА: 1.500 ден.
– ВИП Тест: 9.250 ден.
Инаку, во Министерството за здравство пристигнаа 3.000 тестови, дел од донацијата од 13.000 ден. брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен Ковид-19.
Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите се распоредени низ 13 болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, а ќе се користат за да се утврди дали пациентите со сомнителни симптоми се позитивни на Ковид-19.
За овој тип на брз тест може да закажете тестирање на бројот е 02/2041625.