Регулаторната комисија за енергетика донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде со важност од 1 јануари следната година.
На вчерашната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што рке првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаа и забелешките од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.
Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената.